strumica denes logo

Литургија на струмичкиот отец Боро Милчев, Македонците во Белгија го прославија Велигден!

Автор:

Датум:

април 29, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

април 29, 2019

Категории:

Култура

Свечено и торжествено беше отпразнуван празникот на Христовото Воскресение во Брисел, кралството Белгија. На Божествената Златоустова Литургија чиноначалствуваше протојереј Боро Милчев од М. П. Ц, чија што проповед беше голема наслада за душите на верниците. Благовестеше Отецот за Господа Христа, за Неговото вочовечување заради нашите гревови, за нашата падната природа со надеж сите да успее да нé врати во крилото Авраамово, во рајските населби, за денот на Воскресението Христово – Велигден, како најголем христијански празник, како најсветол ден, темел на нашата вера православна. Господ Христос пострада на крстот заради нашето спасение, земајќи ги врз Себе нашите гревови. Меѓу останатото во својата беседа протојереј Боро Милчев ја истакна важноста за сплотеноста на сите македонци каде и да се наоѓаат во светот. Голем број на верници од дијаспората присуства на свечената Литургија, меѓу кои и дипломати во ЕУ. За верниците беше отстапена гоелмата катедрала Сант Мишел во Брисел. Протојереј Боро Милчев пред верниците го промовираше единаесетиот том од едицијата Житија на Светиите за месец ноември, и му беше доделена благодарница за особеното залагање и доприност за црковната општина Свети Пророк Илија на господинот Зоран Петковски.