strumica denes logo

ЛЕГЕНДИ И ПРЕДАНИЈА: Што ли крие Беласица – ураниум, злато или гробот на Александар Македонски?

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура, Струмица

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура, Струмица

Скротена на југоистокот од државата, во близина на Струмица, една од најстарите планини во Македонија, но и на Балканскиот Полуостров, Беласица, немо крие голем број мистерии од пред стотици векови. Беласица е богата со планински пасишта на кои во летниот период доаѓааат бројни стада на пасење. Само највисоките врвови на Беласица се голи и каменити. Во подножјето на Беласица извираат многубројни термални и минерални извори. Меѓу нив најпознат е изворот во с. Банско. Водата од овој извор е лековита, минерална и сулфурна со температура од 75 °С. Според температурата на водата овој извор е најтоплиот во Македонија. Исто така, Беласица е богата со рудни богатства, но сѐ уште ништо не се експлоатира. На падините на Беласица се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија – Смоларскиот водопад.

Со Беласица се поврзани голем број легенди и мистерии, за некои од нив постои и документација. На врвовите од Беласица, се смета дека се наоѓаат големи количества на ураниум -силен метал кој може да се користи за производство на атомско оружје, а јавна тајна била желбата на Американците уште во времето на Југославија да стигнат до ова природно богаство. За ова, постојат записи во архивите на ЦИА и според нив, количините не биле доволни за исплатлива експолоатација. Меѓутоа, има и негативна страна. Големата застапеност на металот е главен предизвикувач на различни видови рак, аутизам и други заболувања. Планината Беласица според одредени легенди се поврзува и со местото на гробница на Александар, но и место каде се чуваат огромни количества злато и други природни добра, затоа е и честа мета на дивите копачи.

Постарите неретко спомнуваат за овие легенди. А дали се само легенди, останува допрва да видиме…