КОНЕЧНО И ВО СТРУМИЦА: „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ НА МИТКО БОЈАЏИСКИ УТРЕ ПРЕД СТРУМИЧКАТА ПУБЛИКА!

октомври 17, 2023

МНТ со „Кец на десетка” гостува во Струмица

Претставата со спонтан хумор „Кец на десетка”, по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар, по втор пат ќе гостува во Домот на културата „Антон Панов”, Струмица.

Во претставата во која играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Гачиќ-Деан и Ивица Димитријевиќ, од премиерната изведба во 2017 год. до денес има повеќе од 70 (седумдесет) изведби, а публиката по секоја изведба е освоена, задоволна и насмеана.

Темата е блиска за секој гледач, ситуациите се комични, а од сцената лесно се комуницира со публиката.

Изведбата е закажана за 18 октомври со почеток во 20:00 часот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ