Во текот на зимските месеци расте бројот на незадоволни граѓани кои мака мачат со несредените улици, поради кои, како што велат тие, веќе сериозно си ги имаат оштетено автомобилите и не се чувствуваат безбедно во сообраќајот.
Во случајов, до нашата редакција пристигнаа фотографии од патот до граничниот премин Ново Село.
Во реакцијата е напишано:
„Дали ова е патот до Европа? Како се претпоставува ние да возиме по вакви патишта и зошто досега никој ништо не презема? До кога само ќе се жалиме и ќе испраќаме апели, а одговорните ќе останат глуви?“