И оваа година Струмица блесна во полн сјај со новогодишното украсување на повеќе локации во градот. Голема елка висока 15 метри е поставена на градскиот плоштад, а новогодишниот амбиент е надополнет со светлосни мрежи, небо, топки, елки, солзи, мразулци и други светлосни фигури. Новогодишното украсување го изврши ДПТУ „Линк Медиа Плус“ ДООЕЛ Скопје, а чини исто како и минатата година, 2.499.240,00 денари.
ФОТО:ОПШТИНА СТРУМИЦА