strumica denes logo

ПАРИЧНИ КАЗНИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ И СТАРАТЕЛИТЕ НА ДЕЦА КОИ МАЛТРЕТИРААТ СОУЧЕНИЦИ!

Автор:

Датум:

јули 2, 2026

Автор:

Датум:

јули 2, 2026

Во собраниска процедура се законски измени со кои се предвидуваат парични казни за родители и старатели чии деца ќе бидат утврдени како сторители на врсничко насилство во училиштата. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска, нагласувајќи дека родителите имаат клучна улога во спречувањето на ваквите појави.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Таа посочи дека последниот случај на насилство врз 12-годишно девојче во Општина Аеродром е сериозен аларм за општеството и оцени дека кај дел од семејствата недостига воспитна и емоционална посветеност кон децата.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи продолжува со расчистување на случајот, а најавени се кривични пријави против инволвираните малолетници.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска престојуваше во Струмица, изјави дека МВР работи на зголемување на присуството на полицијата на терен и на зајакнување на безбедносните капацитети, но истакна дека со сегашниот број полициски службеници не е можно да има постојано присуство на секоја локација. Според него, институциите ќе продолжат да преземаат мерки за подобра заштита на децата и спречување на насилството.