strumica denes logo

ФОТОГАЛЕРИЈА: Фантастичното Porsche 944 на струмичанецот Андреј Маглешев!

Автор:

Датум:

октомври 18, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 18, 2018

Категории:

Култура

Андреј Маглешев е струмичанецот кој 24 на ден е во светот на возијата, кои покрај хоби му се и професија. Андреј вели дека откако знае за себе тој е опкружен и посветен на автомобилите, најмногу благодарение на неговиот татко кој исто така е голем љубител. Инаку, Маглешев е дипломиран машински инжинер на отсек моторни возила, а професионално се занимава со продажба на нови возила.

Андреј вози Порше 944. Приказната за неговото Порше започнува сосема случајно во 2005 година кога неговиот татко му го купил во прилично лоша состојба. Тогаш е направена и прва рестарвација на возилото, детално е среде ентериерот, лимаријата и механиката.

Од тогаш, некои 5-6 години Поршето активно се возело, па потоа го продал и во следните години било запоставено и доведено во лоша состојба. Во 2007 година Андреј повторно го откупува истото Порше и го доведуваат повторно во одличен елемент. Инаку моделот 944 е специфичен по идеалниот распоред на тежината од 50-50 на двете оски кој надополнет со отсуството на било какви електронски помагала го прави автомобилот доста интересен за возење.

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата:

Информациите и фотографиите се преземени од порталот CARCLUB