(ФОТО) НОВО И УНИКАТНО ВО СТРУМИЦА: ГРАДОТ ЈА ДОБИ ПРВАТА КАФЕТЕРИЈА ЗА ДРУШТВЕНИ ИГРИ – „BOARD GAME CAFE – OFFLINE“

март 14, 2021

Светскиот тренд кој доживеа ренесанса, конечно и кај нас – Отворена првата кафетерија за друштвени игри во Струмица која се наоѓа веднаш наспроти „Пожарната“ или во близина на Црквата „Св.Димитрија“.

Нашиот град конечно може да се пофали дека има board games кафетерија како од европските градови. Трендот на играње друштвени игри во кој светот со години ужива, а кој со сигурност зазема нов силен замав, најпосле може да го почувствуваат и нашите сограѓани. Ново отворениот локал, располага со колекција од најпопуларните и врвно рангирани друштвени игри на светско ниво, па дури и delux верзии на игри кои сеуште не се излезени во продажба на светскиот пазар.

Презаситеноста од играњето на видео игри и од прекумерното користење на технологијата во секојдневниот живот и на работа од една страна, како и се поголемата застапеност на социјалните медиуми во нашите животи, сами по себе ни налагаат да бараме алтернативни решенија за „бегство“ од напорното секојдневие и можности за надополнување на недостатокот од социјализација и „вистинско“ дружење.

Научно е докажано дека играњето на друштвени игри само по себе носи евидентни бенефити за животот и здравјето на луѓето. На пример, играњето друштвени игри ја подобрува работата на мозокот, ја подобрува аналитичноста и стратешкото планирање, го стимулира мисловниот процес при донесување на одлуки, значително го намалува стресот во организмот, го подобрува расположението, поттикнува ведрина и ја зголемува потребата од социјализација и физичка дружба.

Овие информации и факти се доволен доказ и мотив за да ја посетите првата кафетерија за друштвени игри во Струмица и да ги испробате своите вештини во играње на преку 200 друштвени игри, IQ пазли и други предизвици. Квалитетното кафе и пријатната и опуштена атмосфера се дополнителен бенефит, а дружењето е загарантирано. Промотивно, од 15.03 до 22.03 играњето игри ќе биде бесплатно. Се гледаме на игра!

Смеењето, забавата и позитивноста од денес ги имате на едно место – „BOARD GAME CAFE – „OFFLINE“.

ФЕЈСБУК ЛИНК: https://www.facebook.com/OfflineGameBar/
ИНСТАГРАМ ЛИНК: https://www.instagram.com/offlinegamebar/?fbclid=IwAR27ZOEFNyVEYsOMx4DPWp2tziIvAU2N9N2NT2K4q2BC_qCP9b3hvO9xlJw

ФОТО: Столе Ангелов

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ