ДЕНЕСКА Е СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ: Празник на Пресвета Богородица, мајката која дала нов живот!

април 7, 2020

Според календарот на Македонската православна црква денеска е 25 март според стариот стил, односно 7 април, и големиот христијански празник Свето Благовештение. Именден празнуваат Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

Овој празник спаѓа во постојаните празници и секогаш е на овој датум. Меѓу народот е познат и како Благовец, Благоец, Блошчојне…

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Утре наутро бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници од југ – штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и други.

Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ