Д-Р МИТОВ: НЕ Е ПАМЕТНА ИДЕЈА НАШИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ОД ИТАЛИЈА СЕГА ДА СЕ ВРАЌААТ ВО СТРУМИЦА!

февруари 25, 2020

Корона вирусот несомнено зема замав во голем број градови од европските земји, а денеска беше потврден и наодот за првиот позитивен пациент во Хрватска. Балканското населние е во постојан страв дека заразата веќе тропа и на нашите врати.

Во меѓувреме, состојбата во Италија ескалира. На списокот со заразени се додаваат по стотици пациенти дневно, а дури 11 града се под карантин. Вирусот ги фати неподготвени – залихите за хранителни продукти, вода и медицински ресурси брзо беа потрошени.

Пјаченца е еден од погодените градови, а истовремено и еден од градовите со најголем број Македонци. Меѓу нашинците таму, најбројни се струмичани. Откако наголемо започнаа гласините дека голем дел од нив се решени да се заштитат себеси со враќање во Македонија, на фејсбук започнаа жестоки дискусии дали ваквата нивна одлука не го доведува во прашање здравјето на овдешните граѓани.

Вистински фејсбук хит стана статусот на докажаниот во својата област – доктор Александар Митов.

Во коментари, доктор Митов доби голема поддршка од следбениците, а самиот тој потврди дека добил известувања за луѓе кои веќе се вратени.

Колку е правилна одлуката за враќање назад во Македонија, во време кога ширењето на вирусот претставува сериозна закана?

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ