По сончевиот Први Мај, доаѓа влажен бран кон Македонија.
Од денеска полека воздушниот притисок ќе започне да опаѓа и тоа поради влијанието на новиот Медитерански циклон ТОДОР. Токму поради ова ќе започне да дува умерен, на некои места засилен ветер од југоисточен и од источен правец, прогнозира метеорологот Славчо Поповски.
Облачноста ќе се зголемува вечерта и ноќта кон четврток кога на југозапад и запад ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд кои ќе се интензивираат во четврток.
Локално во западната половина на државава ќе има позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад што значи некое значително заладување нема да има, ќе продолжи релативно топлото време.
Облачноста ќе се зголемува вечерта и ноќта кон четврток кога на југозапад и запад ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.
Врнежите ќе се интензивираат во четврток попладне и вечерта и тоа во западната половина на државава додека во источната половина барем одсега гледано циклонот и нема да донесе некои врнежи освен ветер.
Овие врнежи ќе бидат проследени и со грмежи а не се исклучува можноста и за редок град.
Локално во западната половина на државава ќе има позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).
Во четврток ветерот на повеќе места ќе биде со засилен интензитет и ќе биде повторно од источен и од југоисточен правец. Локално ветерот може да достигнува брзина и до околу па и над 70 км/час со што езерата низ Македонија повторно може да се РАЗБРАНУВААТ.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад што значи некое значително заладување нема да има, ќе продолжи релативно топлото време.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.