Пред нас е прирачникот „Математика за матуранти“ кој би требало да ве ослободи од стравот и од паниката од она што се нарекува „државна матура“. Овој прирачник е напишан во согласност со испитната програма по предметот Математика, од страна на Државната предметна комисија за математика. Прирачников треба да им послужи на матурантите да го подготват матурскиот испит по математика и да ги повторат содржините од севкупниот средношколски материјал по математика. Тоа значи дека овој прирачник ги содржи сите четири учебници од 1 до 4 година на средното образование, како и збирките задачи од 1 до 4 година, и претставува мала енциклопедија на средношколската математика. Значи, Прирачникот претставува систематизација на средношколската математика во целост.
Опфатен е теоретски дел со поими, дефиниции и тврдења. Потоа се дадени целосно решени задачи со различно тежинско ниво и со објаснувања и постапки за решавање. Потоа направен е и избор на задачи за самостојно решавање. Секако, приложени се и решенија за секоја задача. Авторскиот тим направи напор да ја реализира целта – а тоа е максимално да ја олесни подготовката на матурантите во областа на математиката и успешно да го положат матурскиот испит. Се надеваме дека нивната идеја ќе биде целосно реализирана.
ЗАТОА, ВЕЖБАЈТЕ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ, И СО ЛЕСНО И УСПЕХ ДО ПОЛОЖЕНА МАТУРА!