strumica denes logo

5 критериуми за вистински струмичанец

Автор:

Датум:

октомври 3, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 3, 2018

Категории:

Култура
  1. Ниту една прослава за новороденче не минува без мекиците од „Ж’чката“

-Штом стигне среќната вест, бабите не губат време. Земаат телефон и прават нарачки од добропознатата фирма.

  1. Имаш барем двајца роднини во Германија/Швајцарија

-ако не и повеќе.

  1. Традиционално, зимно време на плоштад нема со кого да се разминеш, но затоа, во летната сезона не можеш да поминеш низ гужвата по корзото

-За време на лето, зголемената раздвиженост се должи на вратените нашинци од странство и  вратените студенти. Рестораните, кафулињата и ноќните клубови се полни, а такси возило не се наоѓа за жива глава. Сликата е сосем спротивна во текот на зимските месеци, кога странците се враќаат назад, а студените во градот каде што студираат.

  1. Редовно купуваш од двете продавници на плоштадот, но не знаеш како се викаат

– Меѓу струмичани често се дискутира зошто едната од овие продавници секогаш има повеќе муштерии и промет, и покрај истата услуга и локација. Изгледа, причината се’ уште не е откриена.

  1. При најмала повреда, фаќаш правец кон с.Муртино и Шинка