15 години успешна и квалитетна работа! 15 години посветеност, труд, борбеност, упорност, истрајнот. Тимот на Струмица Денес подготви интервју со сопственичката на STUDIO IMAGE-Марија Дрвошанова кои викендот прославија 15 години постоење. Искрени честитки!
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што значи 15 години успешно да се опстојува и да се развива вашиот фризерско – козметички салон ?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Сметам дека нашето успешно опстојување зависи од напорната работа. Потребни се огромна упорност и истрајност. Многу напор на работа и време што ќе им го посветите на континуираното подобрување и усовршување во работата. Несомнено, потребни се големи жртви. Голема заблуда е некој да мисли дека успешноста е резултат на нечија среќа. Секако дека постојат и други фактори, но сепак, успех може да се очекува само ако се работи напорно и секако квалитетно.
СТРУМИЦА ДЕНЕС:Кои третмани се нудат во вашиот салон?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Во нашиот фризерско- козметички салон нудиме повеќе услуги и третмани. Грижа за коса, лице и тело имаме маникир, педикир, депилација на цело тело но тие може да се наречат и еден вид хигиенски третмани. Овие третмани постојано се актуелни и несомнено му се потребни на секој клиент во секој период од годината. Нудиме повеке третмани на коса ботокс и како новитет сега и детокс.
Работиме различни техники на декорација на нокти. Декорација на природни или на продолжени нокти со различни техники и форми. има најразлични третмани за нега на лице, од класични до најсовремени методи. Третмани за обновување на кожата, за хидратација и против стареење, против брчки, дамки, лузни. Исто така, многу е актуелен и третманот за лице и тело со кислород – OXY-третман за беспрекорно чиста, здрава и млада кожа. И како новитет морам да напоменам свилените трепки метода 1:1 хибрид и атрактивниот руски волумен.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што значи негувана коса за една жена. Како тоа делува на самодовербата?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Квалитетната и добра нега на косата може да ви послужат како одлична инспирација за да го подобрите вашиот личен стил. Негуваната, јака и сјајна коса ја хранат самодовербата на секоја жена. Косата е најдрагоценото нешто за една жена, токму затоа и треба квалитетно да се грижи за неа.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што е потребно, за да се одржи континуиран развој во една професија?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Успехот се постигнува со многу посветеност на професијата, континуирано учење, следење на нови трендови, обуки, семинари и секако користење на квалитетна козметика за правилна нега на косата лице и тело.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Како и дали ги следите трендовите?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Во денешно време е многу полесно тие да се следат, со оглед на достапноста на информациите на интернет. Не ја исклучувам и комуникацијата и размената на искуства со колегите. Исто така голема олеснителност е тоа што на пазарот има лесно достапна и квалитетна професионална козметика за коса ние работоме со Inebrya i Alterego со која ниe си ја олеснуваме работata, а воедно ги задоволуваме потребите и желбите на клиентите.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Која е нијансата на боја што ќе ја обележи 2019?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Ако русата коса некогаш била на вашата листа со желби, 2019 година е вистинско време да ја испрообате, меѓутоа не е сеедно која нијанса ќе ја одберете.Крем руса е најбарана оваа година Оваа нијанса на боја одлично ќе прилега на дамите со темна коса, зошто кај коренот може да ја остават својата природна боја а остатокот да го офарбаат.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Салонот е навистина луксузен и изгледа елегантно и прекрасно. Што е она кое би го издвоиле како најважно за вас и за работата на целиот ваш тим? Што е она кое навистина би рекле дека ве издвојува од останатите салони за убавина?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Животот е маратон, а не спринт. Така и со работата. Се што е правилно на крајот го пронаоѓа својот пат до вас. Верувам во добрина, хуманост, знаење и труд. Секојдневната работа на крајот го носи успехот. Верувам и во својот тим кој многу професионално работи и ги промовира сите нашит фризерско-козметички апрати и препарати, сето тоа со крајна цел среќни и задоволни клиенти. Најдобрите препарати и најквалитетната козметика е на прво место.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Какви беа почетоците, како дојдовте до идеја да го почнете овој бизнис?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Пред повеќе од 15 години идејата произлезе од желбата да се креира убавина. Да се подигне свеста за важноста на убавата и негуванна коса. Да им се врати самодовербата на клиентите. Желбата да се стави насмевка на лицето на нашите клиенти несомнено беше тоа што ја поттикна идејата од која произлезе Студио Имиџ. Верувам дека секој ќе се согласи со мене дека е вистинско уживање да се занимавате со убавината на луѓето, односно да ги релаксирате и да ги разубавувате. Клиентите доаѓаат кај нас и на релаксација и уживање.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што значи да се биде успешна жена и истовремено успешно да се одговори и на приватните обврски, пред сè, кон домот и семејството?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Да се биде успешна жена и да се опстане во тоа 15 години бара навистина голема посветеност и многу вложен труд и време. Треба да имате визии и да се стремите кон нивно остварување, совладувајќи ги притоа сите ризици и пречки. Темел на успешноста е посветеноста, градењето добар тим, постојаното усовршување, континуираното обучување на тимот за работа, следењето на иновациите, како и нивно постојано имплементирање. Успешната жена треба да знае да менаџира, како професионално, така и приватно. Да биде лидер на работното место, но и добра сопруга, мајка, ќерка, другар и пријател. Без сето ова не би била целосно успешна. Цело е само кога има сѐ. Семејството е основна клетка на животот и без него и неговата поддршка не би била комплетно реализирана и среќна. Особено сум горда на моето прекрасно семејство.
СТРУМИЦА ДЕНЕС: Важна ли е конкуренцијата?
МАРИЈА ДРВОШАНОВА: Доколу нема конкуренција нема ни успех! Конкуренцијата е таа што ни дава мотив за напредок. Секогаш треба да понудиме нешто нови и поразлично на клиентот за да ја задржиме неговата доверба, а воедно да стекнеме и нови клиенти.