На фејсбук страницата „Стара Струмица“ деновиве беше споделена фотографија која наиде на голем број топли коментари. Станува збор за фотографија на која се наоѓаат фудбалерите на ФК Беласица од 1975 година и денес.
Составот, иако намален, се’ уште зрачи со енергија и секогаш сплотен – заедничка точка којашто ги сврзува е љубовта кон фудбалот, кон дресот на ФК Беласица и многуте заеднички моменти споделени при победи и порази.
Во описот на фотографијата стојат и имињата на фудбалерите.
Стојат: МИТЕ НИКОЛОВ-БЕЛА,ДОНЧО ЃЕОРГИЕВ,ЉУПЧО МАФКОВ,БЛАГОЈ ТАСЕВ-МНА,КОСТАДИН СЕКУЛОВ-ДИНЕ,ИЛИЈА АНДРЕЕВ и РИСТО ВУЧКОВ.– седат:РИСТО АНЧЕВ-АЏИ,ВАСЕ СТОИЛОВ,ПЕТАР АНДРЕЕВ, ВАНЃЕЛ КЉАНКОВ-ЃЕЉЕ,ТОМЕ ПЕЦЕВ. На фотографијата од 1975 г. уште се :ТОМЕ ЕФТИМОВ-ЖОНГЛЕР- тренер, ПЕТКОВСКИ-тренер,КОСТАДИН ГАРВАНЛИЕВ- ДУПЧЕК и фудбалерот МИТЕ БОСИЛЈАНОВ.