КОЛУМНА НА ПРОФЕСОР ОЛИВЕР ЦАЦКОВ: Македонскиот народ кон никого не посегна со оружје, никого не испрати во логори, го освојуваа, но секогаш победнички се исправаше!

декември 7, 2020

Колумна за Струмимца Денес на професорот од УГД Оливер Цацков:

Пред неколку години на приватната руска интернет телевизиија ˮДожд˝ осамна анкета за прашањето: ˮДали требаше да се предаде Ленинград (на нацистите) со што ќе беа спасени илјадници животи и така да се спречи опсадата на градот кога повеќе од милион ги загубија своите животи˝ и истото до вечерта предизвика вистинско цунами.

Реакциите биле бурни. Едни прашањето го оцениле како тешка навреда, додека други го нарекле богохулие. Излегло и соопштение во кое се укажувало дека со анкетата се крши законот за овековечување на победата на советскиот народ од Големата патриотска војна 1941-1945 година. Некои аналитичари сметале дека ревизијата на руската историја во тој период ќе значело и крај на Русија во денешните граници. Исто така, се огласил и потпаролот на претседателот на Русија Песков со став ˝прашањето не е нелегитимно но ги помина црвените граници.ˮ Управата веднаш се извинила за некоректното прашање и го повлекла, а притоа несомнено знаеле дека ако градот Ленинград не ја издржеше опсадата тоа ќе значело полесно спојување на германската армија- Север со германските единици кои од југ напредувале кон Москва. Тогаш веројатно историјата на Европа па и светот во 20 век ќе имаше поинаков тек.

Реакцијата во Русија би била иста доколку истото прашање се поставеше за Сталинград. Градот кој Хитлер покажувајќи го на неговата карта во неговиот штаб рекол по секоја цена да се освои, а пак Сталин на неговата карта наредил, по секоја цена да се одбрани. Цената била илјадници загубени животи на мажи и жени и град претворен во куп од тули. Советите дури и се мислеле дали градот да го претворат во град на музеј на отворено или да го обноват. Се одлучиле за второто. Но, настрана од изјавите на офецијалните лица за мене најсодржајниот одговор на вакви квислинчки прашања се содржат во анегдотата што ми ја раскажа еден мој колега. Тој возејќи се во метрото во Москва, внатре влегол старец со одликување по реверите на неговото палто, а меѓу нив и црвената ѕвезда на ССР. Патниците во тој момент не само што му отстапиле место, туку и мирно застанале давајќи му почит. На прашањето кој е овој човек, му одговориле дека тој е еден од последните живи херои од Големата патриотска војна. Народ кој на овој начин оддава почит кон своите живи легенди никогаш нема да дозволи да му бидат згазнати црвените линии.

Минатата година претседателот на Германија Штајнмаер при посетата на Вјелуњ за време на комеморацијата во Полска, на полски јазик побара прошка за воените ужаси со следниве зборови: „Цинизмот на германскиот агресор беше безграничен, последиците страшни, но и покрај тоа, нема многу Германци што знаат за настаните во Вјелуњ и дојде време тоа да се смени. Вјелуњ мора да остане во нашите умови и срца. Минатото не може да се заборави. Тоа не поминува. Ние сакаме да го запаметиме и да ја прифатиме таа одговорност што ни ја наметнува нашата историја“, на 80 годишнината од бомбардирањето на тој град. Почнал да зборува на германски јазик за потоа да продолжи на полски… Се поклонувам на жртвите при нападот на Вјелуњ. Се полонувам на полските жртви на германската тиранија и молам за прошка. Поентирал со следново, германците направиле злосторство врз човештвото во Полска и секој што ќе каже дека теророт на националсоцијалистите над Европа е маргинален настан во историјата на Германија тој став може да си го задржи за самиот себе и притоа покажа како треба да се однесува еден државник.

Но за момент ќе ги оставиме големите сили и да замислиме дека пред нас стои нашето лично досие секој од нас што сака или да го избрише или ревидира. Можеби сме биле во затвор, можеби сме убиле некого, можеби имаме некоја болест која не сакаме никој да ја дознае, се обидуваме да сечиме, лепиме и монтираме, но многу бргу сфаќаме дека тоа не е возможно. Постојат многу луѓе околу нас кои не познаваат, постојат слики, постојат наши досиеја во други институции. Едноставно, бргу увидуваме дека тоа е невозможно исто како и во историјата.

А каде е тука македонскиот народ? Нашиот народ низ вековната историја покажа дека во себе го има вградено компасот кој непогрешно го води во вистинскиот правец, моралниот, етичкиот и духовниот компас. Непогрешливо го води овој народ во вистинскиот правец, односно секогаш да биде надвор од какви и да било оски на злото против човештвото.

Овој народ кон никого не посегна со оружје, никого не испрати во логори, го освојуваа, но низ сите премрежја секогаш победнички се исправаше. Единствено сметам дека она што му недостасува како амалгам е самодовербата и пркоста. Сепак, за друг е резервиран компасот, но оној на Штајнмаер.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ