ЖИТЕЛИТЕ НА БАНСКО НА ФЕЈСБУК: ВО НАШЕТО СЕЛО СЕ ВОЗИ БЕЗ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ, ЛУЃЕ КОИ СЕ НАСЕЛУВААТ ОД РАЗНИ ДРУГИ СЕЛА И ГРАДОВИ ПРАВАТ НЕРЕД, УТРЕ ЌЕ СОБИРАМЕ ПОТПИСИ ЗА ОВА ДА ПРЕСТАНЕ!

април 12, 2020

Објавено во фејсбук групата С.Бања Банско: 

Почитувани, со согласност на месната заедница и жителите од с.Банско сакаме да ве известиме за проблемите кои се случуваат во нашето село.

Имаме сериозен проблем во Банско бидејќи голем дел немаат возачки дозволи, исто така и сооб. дозволи за возилата, а истите се вклучуваат во сообраќајот.

Се вози доста брзо низ селото и ѓи „стартуваат“ своите автомобили со што го нарушуваат мирот и безбедноста на граѓаните.

Овој проблем се зголеми откако во Банско почнаа да се населуваат од разни други села и градови и градат без никаква дозвола во нашето село. Освен тоа се соочуваме и со кражби низ нашите дворови и куќи.

Затоа апелираме до надлежните да се преземаат потребните мерки за справување со проблемот. Исто така предлагаме да се стави патна сигнализација т.е лежечки (полицаец) на повеќе места во секоја улица во селото.

Банско досега вакво ние не го паметиме.

Затоа преку вас медиумите, ѓи известуваме жителите на Банско дека утре 13.04.2020 од 10:00 до 16:00 часот (во дворот на училиштето) ќе поткренеме иницијатива за собирање на потписи за ова да престане и надлежните да ни го вратат мирот и безбедноста во Банско.

Сите оние кои сакаат да се потпишат доволно е со себе да понесат лична карта.

Ви благодариме…

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ