Home

Perdormire
Струмица Хроника

ТИМ НА МВР Е НА ПАТ ЗА БУГАРИЈА, ЌЕ ПОМАГААТ НА БУГАРСКИТЕ КОЛЕГИ ВО ИСТРАТА!

Home

Tим на Министерството за внатрешни работи предводен од помошник директорот на униформирана полиција, а составен од претставници на Секторот за сообраќајната полиција и Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења веќе е на пат за Бугарија и стои на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги, инофрмира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Спасовски посочува дека тимот е испратен по телефонскиот разговор со неговиот бугарски колега Бојко Рашков.

– Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби. Нашите мисли и молитви се и со повредените. Од срце посакувам нивно брзо закрепнување и што поскоро враќање во нивните домови – изјави Спасовски.

Тој во пост на фејсбук изрази сочувство до семејствата на загинатите во автобуската сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во Бугарија.

-Дозволете ми во овие тешки моменти на тага и болка за целата држава да изразам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, споделувајќи ја тежината на ненадоместливата загуба. Нека им е вечна слава, нека почиваат во мир…

Иако е тешко да се најдат зборови на утеха, во овие траорни мигови, сакам да порачам како пријател, како човек, дека не сте и никогаш нема да бидете сами, независно на ужаснатa тежина на моментот, напиша Спасовки на својот фејсбук профил.