ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ РАДОВИШ-СТРУМИЦА, ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ!

март 27, 2020

На 26.03.2020 во 09.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, пред надвозникот за с.Јаргулица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат браво“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(47) од с.Ињево, радовишко, и товарно возило „фиат дукато“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.А.(23) од Свети Николе. Во незгодата Љ.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобил С.А. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ