СООПШТЕНИЕ НА СВР СТРУМИЦА:
На 07.09.2018 година, во 15.30 часот, во Полициска станица Гевгелија, пријавено e дека кај место викано „Брдото“, атар на село Давидово, гевгелиско, билe пронајдени делови од човечко тело и облека. По овластување на Јавен обвинител oд ОЈО Гевгелија, извршен е увид на местото на настанот.
Поради сомнение дека се работи за претходно пријавено изчезнато лице К.К.(76) од село Давидово, повикан е неговиот син за да биде извршено препознавање. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено за обдукција. Се работи на расчистување на случајот