Perdormire
Хроника

СТРУМИЧАНИ МЕЃУ НАЈНЕОДГОВОРНИТЕ: ПОДНЕСЕНИ 12 КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА „ПРЕНЕСУВАЊЕ ЗАРАЗНА БОЛЕСТ“

Вчера СВР Струмица до ОЈО Струмица поднел 12 кривични пријави против 14 лица, кои сториле кривични дела „пренесување заразна болест”, предвидено по член 205 и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, предвидено по член 206 од Кривичен законик на РСМ. Пријави се поднесени против лицата: В.М. (54), К.Т. (67), Т.Т.(66), Н.Т. (69), М.А.(29) Б.Ј. (63), А.М. (32), Љ.Д. (69), Д.П. (53), Б.М. (60), С.Г. (49), Г.Г. (20), А.Б. (27), сите од Струмица и H.В. (52) од Холандија.