СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Д. (39) од Струмица, на издржување на казна затвор во Казно-поправниот дом Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 06.12.2018 година во КПД – Штип, вработени извршиле претрес во просторијата во која пријавениот издржува казна затвор, при што пронашле и одзеле хероин.