На 08.07.2020 год.околу 20,50 часот на магистралниот пат Струмица – Валандово, кај Раборска раскрсница се случила сообраќајна незгода во која комбе возило до Битолски регистарски таблици е превртено.
Во комбето биле превезувани мигранти.
Во незгодата 7-8 мигранти се здобиле со повреди од кои 4 мигранти со потешки повреди. Возачот на комбето се дал во бегство.
Во тек е увид на лице место воден од јавен обвинител.