Пред малку во порака ни беше раскажена случка кој секојдневно се повторува низ училиштата а сите молчат. Го објавуваме тоа бидејќи се надеваме дека од истото тоа училиште кое се наоѓа во околината на Струмица, ќе ја видат оваа објава и ќе почнат сериозно да се залагаат со следниот проблем. Доколку тоа повторно се случи ВЕТУВАМЕ дека со имиња и презимиња ќе бидат напишани јавно. Тоа не е никаква закана, туку сакаме само едно шест годишно дете мирно и безгрижно да го помине своето детство.
ЦИТИРАМЕ:
Здраво, сакам нешто да ве прашам за совет но и да споделите што се случува во училиштето каде учи и мојот син. Јас сум мајка на шест годишно дете, но откако тргна на училиште ученик од неговата паралелка секојдневно го тепа и го малтертира. Првите денови му ја скина ташната, потоа почна моето дете да доаѓа изваклано од земја бидејќи го тепал повторно. Еден ден дојде и со модро око, истото дете го турнал по скалите на училиштето. Веќе не можев да издржам и отидов во училиштето да разговарам со наставничката ама таа не ми даде ништо да кажам…Само велеше јас знам се’, го карам, го советувам но не можам да се разберам со него…И ќе ги фати двете деца за рака и ќе ги однесе кај директорот ама на мене не ми дозволува да флезам.
Отидов и кај родителите да се жалам на мирен и културен начин, но за жал психичкото и физичкото насилство на моето дете продолжи и до тој степен што овој понеделник моето дете си дојде дома целиот црвен во вратот и подоцна дознав дека е давен од истиот тој ученик. Го прашав на моето дете што е проблемот но само молчеше. Истото се случи и во вторникот и се жалеше на болки во градите. Јас како родител кое се грижи за своето дете повторно отидов во училиштето за да разговарам на смирен начин со наставничката и педагогот. Кога влегов во училишниот двор сите деца од класот дојдоа до мене и почнаа да ми раскажуваат како моето дете било тепано секој ден од страна на соученикот и како другите повозрасни деца го бранеле кога можат. Дознав и дека секој ден плачел пред училиштето.
Во среда отидов пак за да го префрлам моето дете во друга паралека со помош на наставничката и педагогот. Но, кога влезе наставничката во училницата не рече ништо само ги фати двете деца за рака и ги однесе кај педагогот а мене повторно не ми дозволија и јас со нив да флезам внатре. Слушнав викање упатено кон двете деца, бараа сведоци како се случило тоа и викнаа две деца од нивната паралелка и од другата паралелка исто првачиња…
Јас веднаш го повикав од час поголемото дете кое го одбрани мојо син и му реков да отиде кај педагогот за да раскаже се’ штом тие бараат сведоци. Кога виде педагогот дека го однесов тоа, педагогот почна на цел глас да ми вика како сум смеела да го вадам детето од час, ќе сум добила тужба, сум била некултурна, не сум била добра мајка на моето дете, тие не бие ангели чувари за да го пазат моето дете…А наставничката почна да го навредува моето дете дека е „лигавеш“, невоспитан. Јас сум многу разочарана, не знам каде да се обратам. Моето дете постојано се жали на болки во главата и стомакот. Секој ден се плашам да не му се случи нешто полошо. Почнаа да му се јавуваат и проблеми во говорот, ве замолувам за помош и за совет што да правам понатаму. Ова веќе не се издржува…