Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.С (51) од село Едрениково, поради постоење основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, соопшти денес полицијата.
Во соопштението на струмичката полиција се додава дека на 27 април оваа година од страна на електромонтери во ЕВН-КЕЦ Струмица, а по извршена контрола на електричната мрежа во село Едрениково, поточно помошната просторија сопственост каде и живее пријавениот, било констатирано дека во помошната просторија со кабел од дрвен електричен столб (бандера) директно бил приклучен на уличното осветлување, при што корисникот користел нерегистрирана количина на електрична енергија од уличното осветлување во горенаведениот објект, стои во соошштението.