КАЈ ТРИВОДИ ОТКРИЕНИ 55 МИГРАНТИ, НО ПОБЕГНАЛЕ ЗАЕДНО СО ВОЗАЧОТ НА КОЈ ГИ ПРЕВЕЗУВАЛ!

август 22, 2020

На 21.08.2020 околу 04.00 часот, на локалниот пат кој води кон с.Триводи, струмичко, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“, без регистарски ознаки. Возачот, откако го забележал службеното моторно возило, запрел, излегол од товарното возило и побегнал, заедно со лицата кои биле во возилото. По извршениот преглед и претрес на теренот биле пронајдени 55 мигранти. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ