(ФОТО) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД ВАСИЛЕВО, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА!

јуни 8, 2020

Околу 18:45 часот, пред влезот на село Василево се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.

Како што информираат очевидците за портал Струмица Денес, возачот на автомобилот возел со голема брзина бидејќи бегал од полицијата.

Струмица Денес од местото на несреќата дознава дека во еден од автомобилите  превезувале мигранти .

Во текот на вечерта очекуваме првични информации од СВР-Струмица.

 

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: