Граѓани кои живеат на улицата „11 Октомври“ бр.24 до редакцијата на Струмица Денес испратија фотографии со кои наведуваат дека несовесни граѓани иако имаат канти во своите дворови ѓубрето го фрлаат пред нивната зграда, а со тоа се предизвикува и ширење на бактерии и голема смрдеа.
„Незнаеме каде да се обратиме веќе, затоа вас ве замолуваме да ја споделите нашата мака…Ѓубрето веќе два месеци нема кој да го подигне! Се’ надеваме дека нашиот проблем набргу ќе се реши“ – напишаа тие.