bandr
Хроника

(ФОТО) НОВ ПОЖАР ПОМЕЃУ КУКЛИШ И СВИДОВИЦА, ГОРИ ОКОЛУ 6 ХЕКТАРИ ЦРН БОР, 12 ПОЖАРНИКАРИ НА ТЕРЕН!

 

Нов пожар избувна помеѓу Куклиш и Свидовица. Како што информираат од Противпожарната единица на Струмица за Струмица Денес, гори околу 5 до 6 хектари црн бор. Засега нема опасност за населението, а 12 пожарникари во моментот се обидуваат да го изгаснат огнот.

Фото:Столе Ангелов