Perdormire
Хроника

ДВЕ ЛИЦА ОД СТРУМИЧКО ВО КАМИОН ПРЕВЕЗУВАЛЕ НАД 60 МИГРАНТИ!

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе две кривични пријави против А.А. (27) од с.Градошорци и И.М.(27) од с.Градошорци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. На 10.02.2020 на регионалниот пат Валандово – Струмица, во атарот на с.Костурино, пријавените со товарно возило „киа беста“, превезувале 15 мигранти од Бангладеш, додека на 21.02.2020 на регионалниот пат Струмица – Бања Банско, во атарот на с.Банско, со товарно возило „фиат дукато“, превезувале 47 мигранти од Авганистан, 13 од Пакистан и еден од Ирак.