Home

Perdormire
Струмица Хроника

ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ ДЕЛ ОД ТЕШКА КРАЖБА ВО УМЕТНИЧКАТА ГАЛЕРИЈА ВО ШТИП!

Home

Четири лица од Штип и од Струмица се приведени поради тешка кражба во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

„Лишени се од слобода А.А.(32) и Ќ.А.(37), двајцата од Струмица и Д.А.(28) и С.Н.(26), двајцата од Штип. Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во месец јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број на предмети од Уметничката галерија“, велат од МВР.

Дел од одземените предмети се пронаједни, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип.

По комплетно документирање на случајот против нив до Обвинителството ќе биде поднесена соодветна кривична пријава