Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.
Новопотврдените случаи се во градовите:
Скопје –12,
Куманово – 13,
Прилеп – 8,
Тетово -1,
Струга – 2 ,
Велес – 8,
Кочани – 1,
Пробиштип – 1.
Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.
Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.