Откако ја најавивме нашата нова рубрика „ПРОБЛЕМ ВО СТРУМИЦА“ се’ повеќе граѓани ни испратија проблеми со кои се соочуваат секојдневно. Денес одлучивме да го објавиме проблемот со кој се соочуваат жителите кои живеат на улицата „Ристо Ќурчиев“ бр.2.
„Каде може да се обратиме? Бидејќи „Комуналец“ не презема ништо и покрај многуте јавувања до сега. Сега е време на дождови, пак ќе се поплавиме како и секоја година. Никој ниту дошол ниту прашал за проблемот со кој стално се соочуваме“ – изјави личноста која ни ја испрати оваа информација.
Инаку, станува збор за шахта која постојано се запушува поради малиот капацитет при секој наврнат дожд.