„Ќесето е полно виршли со отров, сите собрани од децата од нашето маало околу земјоделското и ги предадоа на полицијата. Се работи за парчиња виршла рассечени во средина и со сина боја. Виршлата која беше фатална за Нас беше фрлена во дворот кој е секогаш под клуч, пред вратата од салонот, каде што се движиме секој ден.“ – пишува наша сограѓанка која вели дека никој не се занимава со овој проблем со години.