Семејната фарма за производство на млеко „G’na Dairy Farm“, во сопственост на семејството Митрови, беше домаќин на значајна дипломатска посета. Фармата ја посети Никол Варнес, вршителка на должноста шеф на мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, придружувана од претставници на Амбасадата.
За време на посетата се разговарало за развојот на млечниот сектор, современите практики во сточарството, како и за можностите за идна соработка.
Сопственикот Горан Митров изразил чест и задоволство од посетата, која претставувала можност за размена на искуства и идеи поврзани со развојот на домашното производство на млеко.
Посетата воедно го стави во фокус значењето на семејните фарми и нивната улога во развојот на македонското земјоделство и сточарство.





























