strumica denes logo

АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ПОСЕТА НА СВР СТРУМИЦА – УПАТИ ЧЕСТИТКИ ЗА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТА!

Автор:

Датум:

ноември 16, 2026

Автор:

Датум:

ноември 16, 2026

Висока дипломатска посета денеска, 16 ноември 2026 година, во Струмица. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, оствари средба на која се запозна со работењето на Секторот за внатрешни работи Струмица и соработката со Основното јавно обвинителство.

За време на посетата биле презентирани досегашните активности, постигнатите резултати и заедничките заложби на институциите за поголема ефикасност, професионалност и зајакнување на владеењето на правото.

Американската дипломатка упатила честитки за остварените резултати, истакнувајќи ја професионалноста и посветеноста во работењето. Таа изразила признание и за успешната меѓуинституционална соработка меѓу полицијата и обвинителството во Струмица.