strumica denes logo

СТАРА СТРУМИЦА, СТАРИ ЕСНАФИ – ВРЕМИЊА КОГА ЧАРШИЈАТА ИМАШЕ ДУША, А ЛУЃЕТО ЧЕСТ!

Автор:

Датум:

ноември 16, 2026

Автор:

Датум:

ноември 16, 2026

Една стара фотографија буди спомени за Струмица од некои други времиња, кога низ старата чаршија чекореле вистински еснафи, мајстори и луѓе кои со својот труд оставиле трага во историјата на градот.

На фотографијата, со шеширот на главата, е Васе Анчев – Аџимано, познат струмички ножар, кој имал свој дуќан веднаш до некогашната кафана „Мирно лето“.

Тоа биле времиња кога чаршијата имала своја душа, дуќаните биле полни со живот, а мајсторите се почитувале по својата работа и чесниот збор.

Стара Струмица, стари еснафи и спомени што никогаш не избледуваат!