strumica denes logo

ПЕПИ ВЕЛКОВ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КИК БОКС – ТАЛЕНТОТ И УПОРНОСТА ЗАСЛУЖУВААТ ПОДДРШКА!

Автор:

Датум:

ноември 13, 2026

Автор:

Датум:

ноември 13, 2026

Уште еден голем успех за струмичкиот спорт. Струмичанецот Петре Велков – Пепи се закити со бронзен медал на Европското првенство во кик бокс, кое се одржува во Скопје, потврдувајќи го својот квалитет на меѓународната спортска сцена.

Велков настапи во дисциплината лоу кик, во категоријата до 67 килограми, каде што успеа да се пласира меѓу четворицата најдобри натпреварувачи во Европа.

По убедливата победа од 3:0 против Ерик Гартнер од Словенија, струмичкиот борец обезбеди пласман во полуфиналето, каде што се соочи со Серхи Руснак од Украина. И покрај поразот во полуфиналната пресметка, Велков го заврши својот настап со бронзен медал и место на европскиот победнички подиум.

Овој медал претставува значајно признание за вложениот труд, напорните тренинзи и посветеноста на струмичкиот кикбоксер.

Пепи уште еднаш покажа дека Струмица има спортисти кои достојно го претставуваат својот град и Македонија на големите меѓународни натпреварувања.

Честитки за Петре Велков за освоениот бронзен медал и за уште еден успех со кој Струмица има причина за гордост!