Учениците од петтите одделенија при ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица реализираа едукативна посета на археолошкиот локалитет „Римска терма“ во село Банско, како и на хотелот „Цар Самуил“.
Во рамки на посетата, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со историското и археолошкото значење на локалитетот, како и со природните благодети на термоминералната вода и нејзината примена во хотелот „Цар Самуил“.
Ваквите едукативни посети претставуваат значаен придонес во збогатувањето на знаењата на најмладите, поттикнувајќи го нивниот интерес за историјата, археологијата и културното наследство на нашиот регион.
🏛️ НУ Завод и музеј – Струмица продолжува со својата заложба за промоција, едукација и подигнување на свеста за значењето на културното наследство кај младите генерации.




























