strumica denes logo

УБАВА ПРИКАЗНА ОД СЕКИРНИК: ЖИТЕЛИТЕ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПОУБАВО СЕЛО – СО ПОДДРШКА ОД ДИЈАСПОРАТА ЌЕ СЕ ОБНОВИ ПАРКОТ ВО ЦЕНТАРОТ!

Автор:

Датум:

ноември 10, 2026

Автор:

Датум:

ноември 10, 2026

Убава иницијатива и пример за заедништво доаѓа од струмичкото село Секирник, каде што група жители организираа работна акција за уредување и обновување на паркот во центарот на селото.

Во рамки на акцијата беше демонтирана старата оградна мрежа и беа отстранети постојните столбови, со што започнаа подготовките за целосно обновување на просторот.

Во следниот период се планирани повеќе активности кои ќе му дадат нов и поубав изглед на паркот. Предвидена е санација на постојниот ѕид со нов слој бетон, а трошоците за оваа активност ќе ги покрие Црковниот одбор при црквата „Пресвета Богородица“.

Особено значајна е поддршката од иселениците од Секирник кои живеат во Швајцарија, благодарение на кои е обезбедена инвестиција за поставување нова панелна ограда околу целиот парк.

Дополнително, предвидено е и засадување нови дрвца, со што просторот ќе добие повеќе зеленило и попријатен изглед.

Оваа иницијатива е уште еден позитивен пример за тоа како со заедничка работа, доброволен ангажман и поддршка од дијаспората може да се придонесе за разубавување на населените места.

Со реализацијата на планираните активности, жителите на Секирник ќе добијат поуреден и попријатен парк во срцето на селото.