Најголемата такси-компанија во струмичкиот регион ги преполови трошоците за гориво и ги сведе трошоците за електрична енергија на нула преку инвестиција во електрична мобилност и обновливи извори на енергија со поддршка од ПроКредит Банка.

Најголемата такси-компанија во струмичкиот регион ги преполови трошоците за гориво и ги сведе трошоците за електрична енергија на нула преку инвестиција во електрична мобилност и обновливи извори на енергија со поддршка од ПроКредит Банка.
Основана во 2002 година, Такси DAV денес е најголемата такси-компанија во струмичкиот регион, со околу 70 оперативни возила и лидерска позиција на локалниот пазар. Компанијата континуирано инвестира во развој, модернизација и унапредување на своите услуги, а најновиот инвестициски циклус претставува нејзин најголем чекор кон поодржливо и енергетски поефикасно работење.


Во текот на 2025 и 2026 година, компанијата реализираше инвестиција во електрична мобилност и сопствена енергетска инфраструктура. Со овој проект, Такси DAV не само што го модернизираше својот возен парк, туку создаде и соодветен систем за производство, складирање и користење чиста енергија за сопствените потреби.
Поддршката на оваа инвестиција се надоврзува на кампањата за е-возила што активно ја спроведува ПроКредит Банка, со цел да ги поттикне компаниите да инвестираат во технологии што овозможуваат поголема енергетска ефикасност, намалени емисии на CO₂ и долгорочна одржливост. Преку поддршка на вакви проекти, банката ја потврдува својата улога како партнер на бизнисите што создаваат позитивни промени за економијата, заедницата и животната средина.
„Во ПроКредит Банка веруваме дека зелената транзиција треба да биде достапна и применлива за компаниите од сите сектори. Затоа активно ги поддржуваме бизнисите што инвестираат во енергетски ефикасни технологии и одржливи решенија. Инвестицијата на Такси DAV е одличен пример за тоа како една домашна компанија може успешно да ги комбинира растот, иновациите и грижата за животната средина, создавајќи долгорочна вредност и за бизнисот и за заедницата“, велат од ПроКредит Банка.

„Веруваме дека иднината на урбаниот превоз е во одржливите решенија. Со воведувањето електрични возила во нашиот возен парк не само што ја зголемуваме ефикасноста на работењето, туку и даваме свој придонес кон почиста и поздрава животна средина. Среќни сме што во ПроКредит Банка препознавме партнер што ги поддржува ваквите инвестиции“, велат од Такси DAV.
Според компанијата, резултатите од инвестицијата веќе се видливи. Благодарение на електричните возила и сопственото производство на електрична енергија, трошоците за гориво се намалени за околу 50%, додека трошоците за електрична енергија се сведени на нула. Пред реализацијата на проектот, компанијата имала трошоци за електрична енергија од околу 9.000 до 10.000 евра годишно и трошоци за гориво од приближно 100.000 евра.

Овие резултати покажуваат дека зелените инвестиции не се само придонес кон заштитата на животната средина, туку и паметна деловна одлука што носи конкретни финансиски придобивки. Воедно, тие претставуваат пример за тоа како локалните компании можат успешно да ја искористат зелената транзиција како двигател на својот понатамошен развој.
Приказната на Такси DAV претставува инспиративен пример за тоа како една домашна компанија може успешно да ги комбинира иновациите, одговорното работење и долгорочната деловна визија. Со поддршка од ПроКредит Банка, компанијата поставува нови стандарди во транспортниот сектор и покажува дека одржливата иднина веќе се гради и на локално ниво.























