Во Струмица се пријавени 55 гласачи за денешните претседателски избори во Бугарија, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија.
Правото на глас можат да го искористат и бугарските државјани кои не се пријавиле однапред. Според објавените информации, тие на избирачкото место треба да потпишат декларација дека не гласале и дека нема да гласаат на друго место.
























