СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и неговиот 50-годишен управител од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“.
Прво и второпријавениот од 2020 до 2026 година во повеќе наврати извршиле неовластена купопродажба на хемикалии, чиј промет е ограничен, без притоа да ги поседуваат потребните одобренија и решенија за промет на големо.
























