strumica denes logo

УАПСЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ОД СТРУМИЦА: Пронајден патнички куфер со марихуана, стебла канабис, ќесе со марихуана и семки!

Автор:

Датум:

октомври 3, 2026

Автор:

Датум:

октомври 3, 2026

На 02.10.2026 во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.И.(43) од Струмица. Имено, при претрес во неговиот дом и дворното место, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле шест стебла од растението канабис, патнички куфер исполнет со марихуана, ќеса со марихуана и семки од растително потекло, а дополнително С.И. предал и уште една паковка со марихуана.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.