Полициски службеници од СВР Струмица на 17 септември затекнале двајца вработени како вршат ископ на песок во река во селото Доброшинци. На местото имало товарно возило и работна машина – копач, сопственост на правно лице, сепарација од селото Сачево.
Полицијата постапила по претходна пријава за ископ на песок, а на терен излегла по овластување на јавен обвинител. За случајот бил известен државен инспектор за животна средина, додека обвинителот ангажирал и геодет.
При увидот било констатирано дека се врши ископ и дека камионот е натоварен со околу девет кубни метри песок. Од правното лице не била приложена соодветна документација за ископот, како барање, договор или елаборат.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.




















