strumica denes logo

ВЛТ НАВИВА: ВАРДАР СЕ ВРАЌА ТАМУ КАДЕ ШТО МУ Е МЕСТОТО – ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Автор:

Датум:

септември 10, 2026

Автор:

Датум:

септември 10, 2026

Одлична вест за македонскиот ракомет и за сите верни навивачи на „црвено-црните“. По петгодишна пауза, РК Вардар 1961 повторно е дел од најелитното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите! „Црвено-црните“ европската авантура ја започнуваат на гостински терен, против силниот германски состав Мелсунген.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Натпреварот ќе се одигра во салата во Касел, со почеток во 20,45 часот. Ова ќе биде првото коло од групата Б во новата сезона на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Вардар и Мелсунген во претходниот период одиграа неколку меѓусебни натпревари во Европската лига. Минатата сезона, одиграа два меѓусебни натпревари во Европската лига. Сега следува нова пресметка, во различни околности и на повисоко натпреварувачко ниво.

Како партнер и силен поддржувач, Видеолотарија Касинос Австрија јавно ја дава својата поддршка и верба во победничкиот менталитет на двократниот европски шампион, посакувајќи му успешна сезона и нова шампионска титула.

Со среќа Вардар!