strumica denes logo

Вештачката интелигенција за четири дена успеа да ја реши една од најголемите математички загатки!

Автор:

Датум:

септември 10, 2026

Автор:

Датум:

септември 10, 2026

Модел со вештачката интелигенција на „ОпенАИ“ за 88 часа успеа да го реши еден од најголемите математички проблем Навје-Стоукс равенката, за што научниците не можеа да најдат решение повеќе од еден век.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Математичкиот проблем се однесува на предвидување на однесувањето на течностите и гасовите. Дилемата беше ако течноста се движи „послушно“ и не менуваме ништо друго во врска со неа, дали тоа движење засекогаш останува стабилно или може да се појават други движења или вртлози на одредени места.

„ОпенАИ“, компанијата творец на ЧетЏиПиТи (ChatGPT), соопшти дека нејзин модел со вештачка интелигенција го решил проблемот за „само“ 88 часа. Според компанијата, станува збор за модел со „значително поголеми способности од ГПТ-6 Астра“, кој беше лансиран пред помалку од една недела.

Моделот ангажирал повеќе од 10.000 „агенти“ за вештачка интелигенција, кои соработувале истовремено. За време на процесот, биле генерирани повеќе од 130 милијарди „токени“, мерна единица што се користи во вештачката интелигенција за да се одреди големината на генерираната содржина.

Со решавањето на загатката, „ОпенАИ“ докажа дека течноста навистина може да се однесува „лошо“. Тоа е релевантно за практични примени во воздушниот сообраќај, но и за временските модели. На долг рок, ова може да помогне подобро да се предвидат силни бури и невремиња.

Но, на објавата на „ОпенАИ“, реагираше австралискиот математичар Тристан Бакмастер, кој изјави дека во решението на компанијата „гледа сличности со неговото истражување“.

Бакмастер заедно со американскиот математичар Левент Алпеге, кој работи во компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“, развија иновативни хипотези за да ја решат Навје-Стоукс равенката.

Овие пристапи наводно отстапуваат од методите на другите истражувачи, но според Бакмастер, „ОпенАИ“ ја следел токму нивната линија на истражување за да дојде до решението.

ФОТО: АИ