strumica denes logo

Затвореник побегнал од суд во Струмица за време на пауза – Побарал да оди во тоалет, го турнал полицаецот и избегал!

Автор:

Датум:

август 18, 2026

Автор:

Датум:

август 18, 2026

Затвореник кој бил спроведен од Штипскиот затвор на судење во Основниот кривичен суд во Струмица успеал да избега за време на пауза во судската постапка.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според информациите, за време на паузата затвореникот бил во придружба на двајца затворски полицајци. Тој побарал да оди во тоалет, по што, при излегувањето, го турнал едниот од полицајците и се дал во бегство.

Затвореникот успеал да избега и покрај тоа што во моментот на бегството имал лисици на рацете.

За случајот биле известени Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Во Штипскиот затвор е формирана комисија која треба да ги утврди околностите и евентуалните пропусти во постапувањето на затворската полиција.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање и лишување од слобода на избеганиот затвореник.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: