strumica denes logo

СТРУМИЧАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ МОДЕРНО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВНИ РАБОТИ, НАЈАВИ ПОМОШНИК МИНИСТЕРОТ ЈОВАН АЛТАНЏИЕВ!

Автор:

Датум:

јули 7, 2026

Автор:

Датум:

јули 7, 2026

Одделението за управни работи во Струмица ќе биде првото во државата што ќе биде целосно реновирано, веднаш по веќе реконструираното Одделение за управни работи во Скопје. Ова го најави Јован Алтанџиев, помошник-министер за граѓански работи во Министерството за внатрешни работи, во гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според Алтанџиев, реновирањето на струмичкото Одделение за управни работи е дел од пошироката стратегија на Министерството за внатрешни работи за модернизација на управните служби низ државата. Тој истакна дека особено му претставува задоволство што токму Струмица ќе биде меѓу првите градови кои ќе добијат современо уредени простории, нагласувајќи дека и самиот потекнува од Струмица.

Како што посочи, проектот има за цел значително да ги подобри условите за работа на вработените, но и да обезбеди поквалитетни, поефикасни и подостоинствени услуги за граѓаните.

Со реализацијата на реконструкцијата, жителите на Струмица, како и на околните општини кои секојдневно ги користат услугите на Одделението за управни работи, ќе добијат помодерни услови и пофункционален простор за завршување на административните постапки. Министерството за внатрешни работи со овој проект продолжува со активностите насочени кон унапредување на квалитетот на јавните услуги и модернизација на институциите.