strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ЗОРИЦА ЃОРГИЕВА БЛЕСНА НА „МУЗИЧКА ФАБРИКА“ – ПРОЕКТ КОЈ ГО ВРАТИ СЈАЈОТ НА ДЕТСКАТА МУЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Автор:

Датум:

мај 29, 2026

Струмичанката Зорица Ѓоргиева беше дел од големиот национален детски музички проект „Музичка Фабрика“, кој со својата прва сезона успеа повторно да ја врати детската музика во центарот на вниманието на македонската јавност.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Посебно внимание на фестивалот привлече песната „Зрели церешни“, која Зорица Ѓоргиева ја изведе заедно со Касијана Матеска. Музиката и аранжманот се дело на Николче Митевски, а текстот го напиша Валентин Соклески. Нивната изведба беше топло прифатена од публиката и се вброи меѓу забележителните моменти на фестивалот.

Со овации, преполна сала и силни емоции, во Македонскиот народен театар се одржа завршниот ревијален концерт на проектот „Музичка Фабрика“, со што официјално беше заокружена првата сезона од овој единствен детски музички проект во Македонија. Пред повеќе од 600 посетители, на сцената настапија 170 деца – солисти, членови на хорот и танчери, кои преку музика и енергија создадоа незаборавна атмосфера.

Во рамки на концертот беа изведени 20 нови авторски композиции, создадени специјално за проектот од повеќе од 30 реномирани македонски автори, композитори, текстописци и музички продуценти.

„Музичка Фабрика“ во изминатиот период прерасна во вистинско музичко движење кое повторно ги обедини семејствата пред малите екрани и им овозможи на младите таленти да се развиваат, создаваат и настапуваат на професионална сцена.

Настапот на Зорица Ѓоргиева претставува уште еден убав успех за младите музички надежи од Струмица, кои со својот талент достоинствено го претставуваат градот на национално ниво.